Синдикатот на полицијата прашува зошто Владата ги заборави полициските службеници со ребалансот на буџетот откако вчера се пофали дека се грижи за здравствените работници вклучени во борбата со коронавирусот. СПМ ја поздравува одлуката за зголемување на платите во здравствцото за 450% до 2024 иако смета дека и овие ветени проценти се мали за наведената категорија на работници. Но истовремено прашува:



„Како Синдикат сметаме и веруваме дека Ви е познато дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените НИШТО денари кои ги предлага Владата со ребалансот на буџетот. Барем да предвидевте исто колку и здравствените работници,

Да, малку се но сигурно ќе оставеа трага за задоволство во овие тешки и макотрпни времиња како една награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи. Согласно наведеното НАЈОСТРО СЕ СПРОТИСТАВУВАМЕ на вчерашното соопштение, реагираме до Владата и Собранието и БАРАМЕ да се преиспита ова наше барање и во најбрз можен рок да се исправи нанесената неправда нанесена сега и пред извесно време на вработените во Министерството за внатрешни работи. Веруваме дека сите заедно ќе смогнете сила и без разлика на политиките ќе ја донесете сите заедно оваа одлука која за момент можеби ќе ја врати довербата во професијата „ПОЛИЦАЕЦ“. Зошто да нема покачување на платите во Полицијата? ЗОШТО? Да направиме од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава. Вие сте на потег! – реагира Синдикатот на Полиција во Македонија.