„Ако до пред здравствената криза знаевме дека секој четврти невработен е млад човек, последните официјални резултати велат дека од почетокот на кризата работните места ги загубиле 3.000 млади луѓе.
Стефани Спировска, претседателка на Младинскиот образовен форум, во интервју за МИА вели дека она што уште повеќе загрижува се загубените места на младите кои не се евидентирани како загубени во системот, од причина што биле ангажирани на хонорарни договори кои едноставно поради кризата немало прилика да се продолжат или пак работеле на усни договори во различни сектори.





