Спикерот се закани, бара извинување од ДКСК, следува ли тужба?

Спикерот на Собранието, Талат Џафери бара од членовите на Државната комисија за спречување корупција до утре да се извинат за изнесените наводи дека пратениците добиваат апанажата од 100.000 денари.



Џафери во изјава за Телма вели дека членовите на ДКСК се избираат од Собранието и тоа му дава право да бара одговорност од нив.

“Несмасно е, ноторни невистини да се изнесуваат од такво тело за состојбите во Собранието по однос на висината на апанажата на пратениците” , вели Џафери.

Доколку членовите на ДКСК не се извинат Џафери и пратениците можат да тужат за клевета и навреда и да барат финансиска оштета за нарушен углед и чест.