Вицепремиерката и министерката за одбрана остана без соодветен одговор во предизборната дебата во која се соочи со спикерот на Парламентот Талат Џафери.
Откако Шеќеринска во делот од дебатата за правосудството се обиде да обвини дека Груевски е виновен за состојбата во овој ресор Талат Џафери од ДУИ неговата противкандидатка во петтата изборна единица од СДСМ Радмила Шекеринска ја праша зошто како власт не сториле нешто за да го санкционираат екс премиерот на што не доби соодветен одговор.
“Ние го почитувавме ставот да не се коментираат судски одлуки, но во 2015 година сфативме дека сме биле во грешка, бидејќи тоа не биле одлуки на судот, туку напишани во кабинетот на Груевски и пренесени преку неговата секретарка”, рече Шекеринска на дебата на Телма во која се коментираа состојбите во правосудството.
Реагирајќи на оваа изјава, Џафери ја праша Шекеринска зошто не го уапсиле Груевски ако тоа што го говори е точно по што индиректно и укажа дека манипулира затоа што по таа логика секој може да рече дека судски одлуки пишуваат разни луѓе.
Целото видео на ТВ Телма
https://www.facebook.com/TVTelma/videos/2645322339039345/?sfnsn=mo





