Спикерот на парламент и важен функционер на ДУИ, Талат Џафери, во интервју за весникот на албански јазик, КОХА, не ја исклучува можноста за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ по изборите.
Запрашан “Дали се уште за ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ е исклучена опција за партнер за идна владина коалиција?”, Џафери негира дека некој е исклучен од можна коалиција:
“Не сум слушнал дека за некоја од политичките партии, од тие кој се актуелни на политичкиот парламентарен живот, ВМРО да е исклучена за некој од албанските партии. Тие работи ги одредува гласачот. Во вербална смисла, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со ставот дека не го признават Преседателот на Собранието, но во функсионална смисла- имаме секојдневна комуникација”, вели Џафери во новогодишното инервју за КОХА.
Предходно лидерот на ДУИ рече дека ВМРО-ДПМНЕ не е опција за соработка ако бара укинување на Преспанскиот договор и Законот за јазиците.
Од друга страна лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски упати порака дека за да може ДУИ да се квалификува за партнер на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да промени многу од работите кои сега ја карактеризираат партијата.
Линкот до Коха овде





