Спиеш ли мирно Десковска – Венецијанска објави труд на Сиљановска и Каракамишева

Венецијанската комисија каде македонски претставник сега е екс министерката за правда Рената Десковска објавила значаен труд на професорките Гордана Силјановска и Тања Каракамишева.



“Со задоволство ве информираме дека трудот “The World of Global Constitutionalism and the Role of the Venice Commission-Challenges and Perspectives” (Светот на глобалниот конституционализам и улогата на Венецијанската комисија – предизвици и перспективи) е објавен во книгата на Комисијата”, потврдија денеска двете професорки чиј труд е објавен од комисијата.

И Силјановска и Каракамишева предходно беа членови на Венецијанската комисија пред владата односно нејзиното министерство да ја предложи Десковска за член на европскиот механизам кој се грижи за ускладеноста на националните легислативи со европските правила и уставни принципи пред се во поглед на човековите индивидуални и колективни права.

Десковска сега како член на Венецијанската комисија ќе мора да ја турка владата која ја избрала да ги спроведе препораките до СДСМ и ДУИ во врска со законот за јазиците.

Коалицијата на власт додека Десковска беше министер тврдеше дека ќе се почитуваат заклучоците на Комисијата но и по една година од нивниот прием нема никаква акција.

Сите три професорки се од институтот за уставно право и политички систем на правниот факултет во Скопје.