Специјален лет од Москва преку Санкт Петерсбург оди кон Вашингтон

Утрово руски авион ИЛ-96 (број на летало РА-96019) полетал од Св. Петербург и се упатил кон Вашингтон, покажува специјализираниот сајт Flightradar24 кој во живо ги следи сите летови над Европа.



Според бројот на леталото се работи за руски владин авион за специјални намени кој служи за авиотранспорт на највисоките функционери на руските власти.

Информацијата за летот кој тргнал од Москва и преку Санкт Петерсбург продолжува за Вашингтон во ситуација кога САД забрани прелети на руски авиони над американска територија ја отвара дилемата дали денеска попладне ќе почнат вистински преговори меѓу Русија и САД за прекин на војната во Украина.

Сите податоци за летот од апликацијата Flightradar24

https://www.flightradar24.com/data/aircraft/ra-96019