Последниве десетина дена затворот во Идризово е заштитуван со посебни мерки за безбедност во кои се вклучени припадници на специјалните единици на МВР.
Десетина припадници на Единицата за брзо распоредување 24 часа на ден го чуваат затворот на смени.
Во засиленото обезбедување е вклучено и борбено оклопно возило со тешко вооружување, пушкомитралез, тврдат вработени во чуварската служба во затворот кои не го кријат задоволството што МВР на помош им испратило добровооружени специјалци.
Причините за засиленото обезбедување на Идризово се обновените разузнавачки информации дека на Косово кај радикални структури, роднини и другари, повторно е актуелизирана иницијативата за спасувачка акција на учесниците во инцидентот кај кумановско Диво Насеље во мај 2015 кога беа убиени 8 македонски припадници на специјалните сили на МВР.
Поголем дел од осудените учесници во Диво Насеље казните ги издржуваат во Идризово а дел се уште се во Шуто Оризари.
Слична ситуација и иминентна закана за напад имаше и лани во септември кога посебни безбедносни процедури заради опасност од напад од косовски структури беа преземени во истражниот затвор во Шуто Оризари.
http://expres.mk/затворот-шутка-претворен-во-тврдина-з/





