Во храмот Свети Сава во Белград утрово во девет часот почна литургијата на помирување на која служат српскиот патријарх Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан со архиереите на двете цркви под нејзино покровителство.



Од утрово беше забележана огромна раздвиженост од верници и свештеници пред и во белградскиот храм „Свети Сава“, каде што за околу еден час треба да започне историската помирувачка заедничка литургија што ќе ја служуваат архијерејите на Српската православна црква (СПЦ) и од Македонската православна црква.

СПЦ најави дека со литургијата на помирувањето ќе се обнови литургиската и канонската заедница на двете сестрински цркви, согласно одлуката на Соборот на Српската православна црква.

Српската православна црква ги повика верниците да учествуваат на овој единствен и радосен настан.