Спасувачките екипи попладневостигнаа до петгодишниот Рајан од Мароко, кој во вторникот паднал во бунар длабок 32 метри.



Последните информации околу спасувачката драма која ја гледаше целиот свет, е дека медицинска екипа стигнала до малиот Рајан и дека се прават подготовки тој да биде префрлен во болница.

Засега нема информации за состојбата на петгодишниот Рајан, но во изјавата прочитана од службеник на локацијата утрото се вели дека тој дава знаци на живот.

Според објавата на „Араб Њуз“ потврдено е дека момчето е живо, вдишува помалку кислород, дише поспоро, но и понатаму дише.

Снимката во четвртокот од камерата спуштена во бунарот покажа дека момчето е живо и свесно, иако се чини дека има некои полесни повреди на главата.

Спасувачките работници спуштија маска за кислород, храна и вода во бунарот, но не е јасно дали момчето можело да ги искористи..