На спасувачите им остануваат уште помалку од два метра да стигнат до петгодишниот Рajaн од Мароко, кој во вторникот падна во бунар длабок 32 метри, а спасувачите со денови копаа дупка паралелна со бунарот за да го спасат.
Спасувачите очајнички се обидуваат да стигнат до момчето, а сега е соопштено дека дојдено е до последната фаза од операцијата.
„Копаат со раце поради страв од одрон. Оваа фаза е најважна и најсложена“, рече Абделхади Темрани, еден од спасувачите.
„Речиси сме таму. Работиме без престан со денови и заморот е тука, но целиот спасувачки тим се држи“, додаде Абдесалам Макуди, еден од водачите на операцијата.







