Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој се споменува како можен технички премиер, на Фејсбук сподели текст во кој го изостави официјалното име на нашата држава Република Северна Македонија, пишува „Доказ.мк.
ПОорталот потсетува дека премиерот Зоран Заев, дури и на неофицијални настани, не пропушта прилика да ја потенцира придавката Северна .
„За мене е многу поважен интересот на граѓаните на Македонија, Македонија како држава, отколку каде јас ќе бидам по 3 јануари.
Јас сакам максимално посветено добро да ја завршам работата, како што почнав во Министерството за внатрешни работи, а понатаму од 3 јануари знам едно сигурно дека ќе бидам во битката за освојување на уште еден мандат“, напиша Спасовски.






