Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска на Фејсбук испрати порака до јавноста дека за Владата датумот за изборите се завршена работа.
„Неодговорно е државата да ја оставиме без парламент, со преодна Влада и со опозиција која е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен на сметка на кризата и на ризиците на кои се изложени граѓаните“, напиша Спасовски.
СДСМ инсистира дека изборите треба да се одржат 22 дена по завршување на изборите, односно на 5-ти јули, на што остро се спротивставува најголемата опозициска партѕија, ВМРО-ДПМНЕ.






