Спасовски за клубот „Ванчо Михајлов“: Провокација!

„ Ова што се случи во Битола, а тоа е отворањето на овој центар, и тоа со име на еден учесник или соработник на Хитлер, на фашистичкиот окупатор, за мене е неприфатливо. Тоа претставува провокација и нема никако да придонесе кон подобрувањето на односите ниту ќе ја подобри климата во Бугарија ниту ќе ја подобри климата во Северна Македонија“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Куманово каде го повтори ставот на Владата во врска со отворањето на клубот „Ванчо Михајлов.“



Тој порача дека нашата земја е никната од Народноослободителната војна (НОБ) и секој граѓанин ги почитува тоа бидејќи борбата против фашизмот во тоа време е придобивка која сите ние и идните генерации мораме да ја сочуваме.

„Сметам дека сите политичари ќе мора да се свртат кон иднината затоа што е важно кога ќе носите одлуки да се носат за идните генерации притоа да не загрозиме ништо што досега го имаме. Разговор на принципиелни основи и се надевам дека ќе можеме да дојдеме до решение на прашањето“, рече Спасовски.