Коментирајќи ја работата на МВР и критиките за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вчерашното гостување на ТВ 24 изјави дека „тој ќе се врати и ќе ја одлежи затворската казна“.



На прашањето дали е сигурен во таа изјава, министерот само кусо го потврди својот одговор.

Експремиерот Груевски е во Унгарија каде што доби политички азил поради прогонот и политичките пресуди во Македонија, по доаѓањето на власт на СДСМ, чиј потпретседател е Спасовски.