Спасовски вели дека не е одговорен за „пасошката криза“…

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска ги повика истражните органи да утврдат дали одговорноста за пасошката криза е негова



Откако минатата недела техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев поднесе кривична пријава за незаконска јавна набавка на обрасците за лични документи, премиерот и екс-министер за внатрешни Оливер Спасовски побасра истражбните органи да утврдат чија е одговорноста за недостиг на патни исправци, сообраќајни дозволи, л.к…

„Јас сум тука, истражни органи има, слободно нека ги проверат сите аспекти, не бегам од одговорноста ако е моја“, изјави Спасовски.

На денешната прес-конференција, Спасовски рече дека во Владата се размислува во повеќе насоки во однос на процедурата со пасошите, а едно од тиие е идејата на министерот Чулев, државата да со дипломатски ноти да ги извести државите дека се продолжува рокот на оние пасоши чија важност истекла и за оние кои во меѓувреме ќе им престане рокот на важење.

МКД.Мк