Спасовски : Таткото на Вања бил вмешан во исчезнувањето, крајната цел била изнуда на пари

Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, бил вмешан во организирањето на киднапирањето на девојчето со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката.



– Како што веќе сте запознаени, мотивот е користољубие при што,според првичните сознанија, едно од лицата во договор и со знаење на член од семејството го организирало извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката од која понатаму сите инволвирани би имале парична, односно материјална корист“, информира министерот за внатрешни работи

Во врска со втората жртва, 74-годишниот маж од Велес, за чие убиство се осомничени истите лица, Спасовски вели дека немал никаква директна врска со малолетната Вања.