„Во овој момент според мене лично немаме потреба од „Пржинска влада“ или од било каква друга влада затоа што институциите функционираат под полн капацитет без никаква злоупотреба“, изјави досегашниот министер за внатрешни работи за „Трилинг“ на ТВ 24.
Оливер Спасовски вели дека таканаречената „Пржинска влада“ во 2016-та била формирана заради „режимот кој владееше“.
„Кога говориме за ‘Пржинската влада’ говориме за едно време кога тоа мораше да се случи за државата да биде ослободена од режимот со кој се владееше“.
Тој рече дека додека ВМРО-ДПМНЕ бил на власт државните органи се користеле за партиски цели, а тогаш народот честопати се уценувал, но тоа веќе го нема…
Спасовски додаде дека веќе нема прислушувања како порано.
Оливер Спасовски вели дека веќе нема прислушувања како порано.






