Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со посебно задоволство ја прифатил поканата на директорката на УЈП Сања Лукаревска заедно да го слават денот на ,,арачлиите” Св. Матеј.
,,Со посебно задоволство ја прифатив поканата од директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, да присуствувам на Свеченото одбележување на Денот на даночните работници „Св. Матеј“.
Државата функционира со приходите од даноците – одржувањето и напредокот на системите на образованието, здравството, безбедноста, владеење на правото, инфраструктурата зависат директно од собраните даноци.
Денеска УЈП може да се пофали со успешно и професионално работење на даночните службеници. Изградениот партнерски однос со даночните обврзници, борбата со сивата економија, како и модернизцијата на работните процеси беа приоритетите со цел воспоставување на вистинска европска даночна управа во нашата држава.
Срдечни честитки по повод 76 години даночен систем и 26 години Ден на даночните работници! Ви посакувам континуирана успешна работа која ќе придонесе за понатамошен напредок на нашата држава”, објави Спасовски.






