“Просперитетот на граѓаните зависи од исполнувањето на обврските на државата, кои вклучуваат уставни измени, бидејќи ова е чекор за иднината на државата“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за белградска „Политика“.
„Парламентот е дом на демократијата, каде треба да преовладува мислењето што е во интерес на државата. Само декларативно лицемерно е да се каже дека сакаме да бидеме во ЕУ без да преземеме политичка одговорност.
Сметам дека во овој период мора да вложиме максимални напори преку парламентарен дијалог да постигнеме консензус за промена на Уставот. Опозицијата мора да се аклиматизира на европската клима и да се прилагоди на европските услови, да се ангажира и самокритички да ги преиспита своите постапки.
Не е разбирлива политичката нефлексибилност со која се турка некаков архаичен модел, а пред се’ опозицијата покажува неодлучност и немање визија.
Иако вметнувањето на Бугарите во Уставот на РСМ е трн во око, тоа го гледам како дополнителна вредност за нас – конечно да ја закопаме долгогодишната теза дека сме еден народ со нив”, истакна, меѓу другото, министерот Спасовски во интервјуто.






