Спасовски со 5 гафа во еден твит, навивачите му кажаа што мислат за неговата пропаганда (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обиде да заработи политички поени со честитка за учество на македонската ракометна репрезентација на светското првенство во Полска и направи најмалку 5 грешки:



1. Му честиташе на Наумче Мојсовски кој не игра ниту е член на репрезентацијата наместо на некој ракометар или на селекторот Лазаров

2. Му честиташе на својот партиски колега од СДСМ кој е директор на владината агенција за спорт и млади наместо на некој непартиски активен спортист или спортски работник

3. На дресот што му го поклонува на Мојсовски му е згрешено името затоа што вистинското презиме на Наумче е Мојсовски

4. Дрес со негово име не се дава на екс репрезентативец кој веќе има десетици такви дресови

5. На сите им е јасно дека Спасовски нема никаква врска со спортот и ракометот и дека средбата со Мојсовски е само обична партиска пропаганда на министерот кој се дел од истрага на обвинителството за организиран криминал и кој е дел од внатрешната пресметка меѓу скопското и струмичкото крило на Заев.

Сите коментари за евтината пропаганда на Спасовски во твитот