Спасовски се пофали со помал број на жртви од сообраќајки

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се пофали дека во првиот месец од годинава има намалување на бројот загинати во сообраќајни несреќи.



“Во јануари 2021 имаме намалување на жртвите од сообраќајни незгоди за 56 отсто, споредено со јануари минатата година”, пишува Спасовски.

Добрата вест според коментарите е поматена од фактот што министерот се обидува да добие политички/ПР поени а целата јавност знае дека за разлика од лани во јануари годинава кафеаните работеа со намалено работно време а нивото на сообраќајни комуникации е намалено за огромен процент.