Спасовски се пофали: Ја вративме довербата во полицијата!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се повика на ланска анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), според која тој е министер со највисок рејтинг во Владата, за да се пофали на кумановската телевизија Плус дека полицијата ја вратила довербата кај граѓаните.



„Секако, тоа ми причинува задоволство, но тоа е во функција на една мотивација – што е можно повеќе да бидеме мотивирани сите ние, да ги оствариме сите зацртани цели, да ги подобриме состојбите, условите за работа, да се подигне безбедноста на повисоко ниво, да се врати довербата на граѓаните во полицијата. Тоа беа целите кои ги поставив на почетокот на мојот мандат. Би рекол искрениот пристап, чесноста во работењето, одговорноста, посветеноста во работата секогаш даваат резултати. И, заклучокот е многу едноставен од анкетата – сето тоа што го правите, ако го споделувате со јавноста заедно со сите бенефити кои доаѓаат од таа работа, граѓаните знаат да ги ценат“, изјави Спасовски, кој во анкетата на ИРИ добил доверба од 12 проценти, еден помалкју од премиерот Димитар Ковачевски.