Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, ги стави во дилема кумановци со само една изјава на митингот во пресрет на вториот круг од локалните избори на 31 октомври.
„СДСМ вложи 120 милиони евра во Куманово, режимот само две тениски игралишта. Затоа во недела пак ќе ги казниме и мое Куманово ќе биде европско, никогаш режимско!“, порача Спасовски, не објаснувајќи од каде ѝ на владејачката партија 120 милиони евра во партиската каса за да вложи во „неговиот“ град, ниту на кој режим мисли во однос на градот во кој СДСМ раководи со локалната самоуправа по осамостојувањето на Македонија.






