Досегашниот технички премиер Оливер Спасовски самиот си го нарачал и си го платил сопствениот портрет во галеријата со ликовите на експретседателите на Владата, во која го нема Зоран Заев.
За „360 степени“ на Алсат-М од Владата изјавиле и дека од буџетот биле потрошени 8.673 денари за врамување.
За отсуството на портрерт од Заев, кој беше премиер пред Спасовски, од Владата објасниле дека причината е тоа што тој е избран за уште еден мандат од четири години, кој е на самиот почеток.






