Спасовски реагира селективно, кога криминалците имаат политичка поддршка МВР е во дефанзива

МВР на Оливер Спасовски докажува дека има селективен пристап при третман на нелегални градби во Скопје.



Кога илегалните градби се дел од бизнис интереси на високи функционери на партија на власт Спасовски молчи со месеци и дозволува тие да се градат дури и кога се на државно земјиште а кога се работи за криминалци без поврзаност со врвот на политичка партија од власта МВР реагира веднаш.

За разлика од огромната зграда на улицата пластичарска од каде Спасовски пред 8 недели ја повлече наредбата за интервенција на специјалната полиција тој деновиве веднаш реагирал кај поликлиниката Бит Пазар.

Извори во ДУИ велат дека кај поликлиниката градат обични криминалци а на пластичарска луѓе кои можат да влијаат на поддршката на Мала Речица на претседателската кампања на Спасовски поради што тој молчи.

Урнале ограда на поликлиниката „Бит Пазар“ за да си направат паркинг

Пред осум недели, МВР под команда на Спасовски ги повлече специјалците кои требаше да обезбедуваат уривање на огромниот објект на Пластичарската улица вреден десетина милиони евра.

Спасовски досега не ги демантираше ниту шпекулациите дека покрај политичка поддршка за претседателката кандидатура треба да добие и пари за кампањата, информација која ја споделуваат членови на таканаречената ,,Огнена група”.

Извори во МВР тврдеа дека пред 8 недели Спасовски ја одложил операцијата поради почеток на верскиот празник Рамазан но празникот помина а МВР се уште не обезбедува асистенција за уривање на објектот кој освен што нема никаков документ е изграден на државно земјиште.

Во меѓувреме СДСМ и ДУИ не го решаваат бирократскиот проблем меѓу инспекцијата, општина Центар и владата за документацијата за илегалниот објект.

Мистериозна сила повторно ги повлече специјалците кои се подготвуваа за уривање на дивоградби на ,,Пластичарска”

Во меѓувреме објектот се гради и за празници и недели а Спасовски и власта се прават дека не гледаат што се случува во центарот на Скопје.