Во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена, како и шест полицајци, потврди денеска за медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.



Тие се осомничени за злоупотреба на службена положба.

„.Вработени во јавни установи кога преземате мерки во делот на корупцијата не може да се изземете самите себеси, една од целите е јакнење на интегритетот на полициските службеници тоа што вчера се случуваше е дел од тоа.

Вчера имавме 9 лица уапсено, ова го работеше одделот за спречување на организиран криминал, злоупотреба на службената положба и поткуп од Табановце.

Командир, зам командир и 6 службеници на полицијата. Извршени се претреси, како и лични во нивните домови се со цел да бидат пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, се работи на понатамошната постапка за овој случај и секако дека ова е еден дел од активоситте за борбата против корупцијата“, истакна министерот Спасовски.

На ГП „Табановце“ синоќа беше акција на Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвнителство за гонење организиран криминал и корупција.