МВР на Спасовски преку полицаец Албанец од СВР Охрид почнал прогон против охридската легенда Александар Ѓурчев кој пријатели го нарекуваат ,,Ѓурче војвода”.
Полицаецот Самет Амети е потпишан како подносител на пријавата од СВР Охрид кон охриѓанецот Александар Ѓурчев за истакнувањето на знаме со сонцето од Кутлеш.
Според пријавата Ѓурчев лани на 27 Април во центарот на Охрид истакнал знаме кое не го задоволува законските услови односно не ги почитува вкусовите на министерот Спасовски и МВР.
Според пријавата која најверојатно ја пишувал некој неписмен началник во СВР Охрид Ѓурчев го прекршил законот затоа што истакнал знаме кое не ги содржело обележјата содржани во закон.
Пријавата е потпишана и од Сашко Дончевски командир на полициска станица Охрид.
МВР досега не откри кои се обележјата кои се содржани во закон врз основа на кои се гони ,,Ѓурче војвода”.
МВР на Спасовски не поднесе пријава против луѓето што истакнуваа бугарско знаме во Струмица за Водици ниту се судат луѓето кои истакнуваа знаме на Голема Албанија.
Предходно СВР Охрид по налог на Оливер Спасовски почна прогон против адвокатот Тони Менкиноски за истото дело.
Судењето на Ѓурчев е закажано за утре во судот во Охрид
Најчитани статии
Според Стоиљковиќ гостин бил и лидерот на најголемата македонска партија






