„Имаме сериозни индиции дека пожарите се подметнуваат од политички причини, а тоа е сериозен тероризам што ѝ се прави на државата“, изјавил денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали масовните пожари СЕ РЕЗУЛТАТ НА субверзивна или терористичка акција.



Според Спасовски досегашните истраги на МВР покажале сериозни индиции дека пожарите се подметнуваат поради политички и бизнис интереси.

Дел од уапсените 9 лица кои биле затекнати како подметнуваат пожар, во своите изјави кажале дека се припадници на политичка партија или дека палеле поради бизнис интереси на одреди поединци од кои добиле задача, рече Спасовски, пренесуав САКАМДАКАЖАМ.МК.