Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното гостување на ТВ21 рече дека треба да се испита дали „Диво Насеље“било организирано само за да се прекине со емитување на „бомбите“ и дека постојат индиции за тоа.
„Тоа беше во период кога излегуваа бомбите. Постојат индиции дека тоа било организирано за да се спречат бомбите, и тоа треба да се испита“, изјави Спасовски во емисијата „Клик Плус“.




