Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски започна со медиумска промоција која наликува на негова кампања за претседател.
Тој рециклира општи фрази и пропагира дека власта во која седум години е министер постигнала успеси затоа што била мудра.
,,Успешните реформи и мудрите одлуки ја кренаа бариерата на нашиот пат за целосно исполнување на евроатлантските стандарди и полноправно членство во НАТО.
Тоа е линијата на успех по која продолжуваме да чекориме”, пишува Спасовски во нејасната кампања во која нема ништо освен празни флоскули за кои нема реална потврда.
Неговата фотографија сликана од жабја перспектива јасно укажува дека тој сака да се наметне како татко на нацијата.
Според неофицијални најави Спасовски е решен да биде кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ на местото на Пендаровски кој има очаен слаб рејтинг.
Успешните реформи и мудрите одлуки ја кренаа бариерата на нашиот пат за целосно исполнување на евроатлантските стандарди и полноправно членство во НАТО.
Тоа е линијата на успех по која продолжуваме да чекориме!
🇲🇰🇪🇺 pic.twitter.com/UGwzMH2tVQ— Oliver Spasovski (@o_spasovski) April 12, 2023






