Спасовски: Откриени 3 случаи на копање криптовалути…

Целосни небулози се тврдењата дека МВР не постапува во случаи на кражба на струја, вели министерот Оливер Спасовски во врска со случајот на копање криптовалути, во гостување во „Утрински брифинг“.



Тој вели дека за кражба на електрична енергија полицијата мора да постапува според пријави и тоа од ЕВН, дистрибутери итн.

„Не е нешто што сега ни се случува. Кривичното дело “кражба на електрична енергија, топлинска и природен гас“ постои од порано во Кривичниот законик. Се откриваат диви приклучици на дистибутивната мрежа без овластување. Еве само во СВР Скопје МВР откри 41 кривично дело по овој член, поднесени се 40 кривини пријави против 45 сторители за кражба на електрична или топлинска енергија и гас, рече Спасовски во гостувањето во Утрински брифинг.

Тој додаде дека во периодот од јануари до октомври Министерството за внатрешни работи во однос на конкретно копање на криптовалути разоткри три случаи кои се процесуирани со кривични пријави.

Откриени се три кривични дела за кражба на електрична енергија за копање на криптовалути, и откриени се четворица сторители кои приклучиле компјутерска опрема на дистрибутивната мрежа заради копање на криптовалути, открива министерот.