Спасовски откри операција за документи кои од МВР дошле до ВМРО-ДПМНЕ и медиуми, СДСМ не се истражува

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата Само вистина објави дека МВР води оперативна обработка на случаи во кои сегашни и поранешни вработени во МВР кои наводно давале документи до опозициската ВМРО-ДПМНЕ и медиумите.



Спасовски беше прецизен и објави дека истрагата се води само за опозицијата и медиумите што значи дека криминалистичката истрага не се води и против партијата на Спасовски владеачката СДСМ.

Спасовски тврди дека во операцијата се прибрани многу податоци со што индиректно остави простор јавноста да се сомнева дека во акцијата се истражувани и медиуми.

Изјавата за оваа оперативна акција за која Спасовски не смее да зборува јавно затоа што таа според него се уште трае, е во видеото на Само вистина на 32 минута

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1650063105199394&id=247596241947003