Министерот за внатрешни жали што Обвинителството, како што рече, немало храброст да одреди притвори за осомничените од престрелката која пред три дена се слуши во хотелот „Александар палас“.



„Се работи на истрагата за инцидентот со пукањето во хотелот „Александар палас“. За овој инцидент, знаете, имавме и неколку приведени кои упатуваа сериозни закани по животот на колегите-полицајци.

Жалам што обвинителството немаше храброст зашто повторно помина со мерки на обезбедување, наместо со притвори. Но, ние интензивно работиме на тој случај“, вели првиот човек на МВР.