Спасовски не мора да го чека Абази за да истражува индиции за криминалот на ,,Кланот Ахмети”

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не мора да го чека шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази за да истражува индиции за криминалот на ,,Кланот Ахмети”.



Одделот за организиран криминал во МВР кој е под контрола на министерот Оливер Спасовски бе мора да чека наредби за проверка на индициите за криминал направен во случајот Соравија и другите бизниси на ,,Кланот Ахмети затоа што има законска обврска самостојно да проверува наводи за сторен криминал и корупција.

Со оглед на тоа што досега државниот обвинител Јовески и Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води човекот на ДУИ Ислам Абази не покренале никакви мерки и чекори за утврдување на состојбата Спасовски има законска обврска да провери како Дрин, внукот на Али Ахмети се стекнал со десетина милиони вреден имот во ТЦ Соравија.

Непостапување по добиените сознанија на оперативните на МВР кои имаат прецизни информации за случајот значи дека Спасовски се обидува да го затапка случајот и ако утре биде гонет за злоупотреба на службена должност или непостапување нема да. Оже да се брани дека не добил наредба од ЈО за да спроведе проверка на индицик за криминал.

Во меѓувреме додека Спасовски калкулира со поддршка за кандидат за претседател на ДУИ во случаите на ,,Кланот Ахмети”, се случува обид за прикривање на докази.

Део од случаите водат до еден од најсериозните кандидати за колега на Мерко на црната листа на САД.

Скапиот Ролс Ројс на сватот на Ахмети отвара и други чудни трансфери и државни бизниси со пченица и бензин, открива Телма

Во меѓувреме нема истрага ниту од човекот на ДУИ во ЈО ГОК Ислам Абази.

Обвинителството на Абази близок на ДУИ цели две недели (не) води истрага за кланот Ахмети