Министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски вели дека е недоволна казна од само 45 евра за возачот на „бентли“ од Арачиново влета и брзо возеше на плоштадот Македонија во Скопје.
„Имаме неодговорни граѓани кои се однесуваат бахато во такви услови. Важно е дека полицијата веднаш постапува. Не е доволна казната за возачот. Тука треба да се размислува, да има казни кои би биле подрастични. Не се времињата во кои некој така може да се однесува на плоштадот“, рече Спасовски.
Реакцијата на министерот доаѓа по бројните реакции на граѓани на социјалните мрежи кои прашуваат дали така лесно би поминал порекршител доколку истиот „инциудент“ го направел во некоја европска држава…
Министерството за внатрешни работи синоќа околу 19 часот го пронашла и го казнила Б.А. од Арачиново со 45 евра.






