Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не чувствува одговорност за хаосот со издавањето на лични документи.
Вели дека МВР ги преземало сите активности за промена на документите после Договорот од Преспа.
„Сите аспекти на овозможување се овозможени во тој период. Целиот тој период, и Акциски планови и управувачки комитет кој што управувал со целиот процес, сето тоа, како што е предвидено со позитивните законски прописи, така е постапувано. Апсолутно не може никого вие сами да го натерате да ги извади документите во 2021 година, во 2022 година или во 2023 година“, изјави Спасовски во топ Тема.
Вели дека биле создадени сите предуслови граѓаните на време да ги заменат документите.
За него кривичните пријави од опозицијата биле водење дневна политика. Ова го кажа во интервју за Канал 5.
Илјадници граѓани се заглавени во државата поради немање на документи со новото име на државата. Веќе имаше поплаки и од туристичките агенции дека ова ги погоди и ќе нема реализација на патувањата.





