Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното гостување на „Трилинг“изјави дека „најдобро е Груевски да се врати, а ако се врати ќе заврши во затвор. Нема начин Никола Груевски да се врати, а да избегне одговорност“.
За враќањето на Груевски, министерот вели дека со неговото евентуално враќање во Македонија тој ќе биде ставен зад решетки.
„Никола Груевски ќе биде уапсен ако дојде во с. Македонија. За него нема само еден
предмет, има повеќе предмети. Нема законско решение кое него го амнестира за сите одлуки
кои се донесени за издржвуање притвор илии затвор, ниту делата за кои се терети може да
застарат“, вели Спасовски
„Не станува збор за еден предмет, туку за повеќе предмети. Не станува збор за законско решение кое него го амнестира во однос на одлуките кои се донесени за да оди во притвор, ниту пак дека делата за кои се терети дека може да бидат застарени.
Ако сакаме да има помирување во општеството мора да се носи одговорност. Нема поинаков начин да се врати освен во затвор, вели Спасовски за „Трилинг“.
Спасовски не разбира зошто некој би се плашел од враќањето на поранешниот премиер Никола Груевски.
„Немам никаков однос за неговите ставови. Не гледам причина зошто некој би се плашел од
човек кој флагрантно ја злоупотребил својата позиција и за кој се водат постапки“ рече
Спасовски.







