„Имаше опсежна активност на СВР Битола се преземаа многу активности, многу службени разговори се обавени, прегледан е многу материјал од видео надзор не само од објектот, туку и на повеќе објекти и на основа на сите податоци и информации дојдовме до сторителот на ова кривично дело. На основа на сите овие податоци и информации доцна синоќа по наредба на надлежниот суд и надлежен обвинител беше извршен претрес во домот на осомничениот, како и во неколку други објекти.
Најдена е облеката и други предмети кои се поврзуваат со кривичното дело, така што имаме несоборливи докази.
Лицето е приведено во полициска станица и очекуваме да биде изнесен пред судија на претходна постапка.
МВР бара определување на мерка притвор, но би сакал да почекаме”, одговори министерот за внатрешни Оливер Спасовски во врска со приведувањето на Ламбе Алабаковски како осомничен за подметнување на пожарот пред бугарскиот културен куб во Битола, пренесува МКД.Мк
За идентитетот на осомниченото лице, односно дали е точно дека се работи за пејачот Ламбе Алабаковски, Спасовски повтори сами дека се работи за 34-годишен маж со иницијали Л.А. кој живее во Битола.







