Спасовски: На судски одлуки кои се лоши, треба да се реагира


„Одлуки на суд не коментирам. Но ова што се случи со студентката од Крива Паланка, покажува колку треба да се реформира судството.



Судски одлуки не се коментираат, но судски одлуки кои се лоши за државата и поединецот, заслужува да се реагира“, одговори вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашањето како се чувствува откако Апелација ја намали казната на возачот кој на пешачки усмрти девојка во Скопје.
Од 6,5 на 4, а деновиве од четири на три години затвор е намалена казната на обвинетиот Љубиша Видојковиќ, кој на пешачки премин на во 2015 година движејќи се со брзина од 85 км/ч и со 1,2 промила алкохол во крвта, со автомобил смртно ја прегази 19 годишната Фросина Цековска, пренесува порталот СДК..