Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. ќе предводи државна и црковна делегација која утре ќе отпатува во Ерусалим од каде ќе биде преземен Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб, соопшти Владата.



Во делегациујата ќе бидат и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква, Митрополитот тетовски-гостиварски.

Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, според најавата, е предвидена утревечер, во 20 часот што ќе се пренесува во живо на првиот канал на јавниот сервис МРТВ.