„Секој кој нема да ги почитува мерките, дали е тоа сопственик на вила за издавање или е граѓанин кој учествува во такви настани ќе бидат поднесени кривични пријави со кривична одговорност, заради тоа што директно го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните“, соопшти денска министерот Оливер Спасовски.



MВР има посебен акциски план за време на празници, а тоа значи дека секаде и во секој момент ќе има полиција која ќе врши контрола дали се почитуваат мерките, пренесе З60 степени.

Според Спасовски, полицијата ќе постапува по пријава или по сознание кое ќе го добие, а ако се утврди дека се случува организиран настан, тогаш се известува јавен обвинител и се постапува врз основа на законот.