Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вели дека ќе се бара најдоброто решение за кратенката NMK на регистарските таблици што е обврска од Преспанскиот договор и кое воедно финасиски нема да ги оптовари гграѓаните.



„Како МВР сметаме дека едно од решенијата е да се стават налепници. Со налепници практично без некаков трошок или многу мал трошок, да се задоволи тој законски момент”, рече министерот Спасовски во гостување на МРТ.

Тој вели дека има три категории на возила, со „стари“ регистарскин таблички:

„Имаме регистарски таблици со три бројки кои се многу стари, кои не се променети воопшто, имаме околу 220-230.000 кои практично се со МК и нови таблици со 4 бројки кои треба да се променат и уште толку кои веќе се променети, значи преку 220-230 илјади кои се променети”, истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски нагласи дека најважно за МВР е да се донесе најдоброто решение.

„За нас е важно да го донесе најдоброто решение за граѓаните и да се остави опциона можност, ако сака граѓанинот да ја смени табличката, ако сака да стави налепница. Тоа би било едно од можните решенија. Јас очекувам дека наскоро ќе го дефинираме и ќе излеземе пред јавноста. Ние стоиме на располагање преку измени во упатства да имаме поповолно решение за секој од нас”, рече Спасовски.