Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не презел никакви оперативни мерки ниту ги коментира јавните честитки за денот на формирање на Република Илирида која е проект спротивен на уставното уредување на Македонија и има за цел поделба на државата.
Спасовски кој се надева на поддршка од албанските политички партии и гласови од Албанците во трката за претседтел на Македонија од утрово е информиран за активностите на групата која се претставува како Илирида но Секторот за компјутерски криминал при МВР и АНБ не преземаат никакви активности за блокирање на групата која се бори за поделба на Македонија.
Според информациите објавени од групата, Илирида е ,,Албанскиот дел од Северна Македонија” а формирана е на 6 Април 1992 година.

Во пост од вчера вечер Илирида го честита денот кога пред 31 години е формирана ,,Независната држава Илирида” која има за цел да се одвои од Македонија.
Дел од нејзините основачи поради противуставно делување беа осудени на затворски казни во времето на првата влада на Киро Глигоров како претседател и Бранко Црвенковски како премиер.
Happy Republic Day 🇦🇱👐
Gëzuar Ditën e Republikës së ILIRIDËS ☝️🔴⚫️ 06.04.1992 #ILIRIDA #kosova #albania #shqipëria pic.twitter.com/EjLdpaSLd7— Republic of Ilirida (@RIlirida) April 5, 2022






