МВР и министерот Спасовски три дена молчат на прашањето дали бегалецот од тројцата полицајци кои се повредија додека го бркале по Водно е командантот на специјалната полициска единица Тигри.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска јавно побара Спасовски да каже дали човекот кој се движел низ шумски предели за време на забрана за движење поради пожарите е команданти на специјалците Митко Даневски.
Стоилковски бара на истрагата на МВР да не влијае тоа што Даневски бил командант на елитна полициска единица и близок на високи функционери на СДСМ и премиерот Заев.
Во видеото од 20 минута и 20 секунда
https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/397928928336680/
Инцидентот се случи пред три дена а во него по бркотница со возила еден полицаец беше потешко повреден а двајца полесно повредени.
Во својот Билтен МВР не ги објави иницијалите на бегалецот и неговата сопатничка за која исто така не се знае идентитетот.
Во билтенот пишува само дека се работи за двајца бегалци со Шкода Октавија за која не се знае дали е службена или приватна.






