Упатувам апел до граѓаните уште сега да ги проверат своите патни исправи, ако имаат потреба да ги менуваат, тоа да го сторат сега, за да се избегнат летните гужви, апелира министерот за внатрешни Оливер Спасовски.



„ За периодот 01.01.2021-31.12.2021 имаме зголемен број на барања за пасош, односно досегашниот просек по месец изнесува 18.000-24.000 барања. МВР во континуитет изработуваше лични документи во периодот 05.07.2021 до 31.12.2021: 203.442 пасоши и 167.558 лични карти.

Бројките покажуваат дека капацитетите се користени до максимум, со двосменско работење и за време на викенди“, напиша Спасовски на Фејсбук.