Во синоќешното гостување во „Само вистина“на Канал 5 телевизија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека Македонија со Унгарија немаат потпишано билатерален договор за екстрадиција.
„Ние како држава немаме потпишано билатерален договор за екстрадиција помеѓу Унгарија и Македонија“, одговори министерот на прашањето на водителката.
„Меѓутоа има на сила европска конвенција за екстрадиција и врз основа на лен 16 од таа конвенција за екстрадиција(…)ние и до сега и од сега, со сите држави кои ја имаат потпишано оваа конвенција можеме да вршиме размена односно екстрадиција на лица.
Спасовски посебно нагласи дека оваа конвенција е на сила во Унгарија од 1993, додека во Република Македонија од 1999 година.
„И тука сакам да знае македонската јавност дека нема никакви пречки да биде направена екстрадицијата, без разлика што нема договор на билатерална основа.
Меѓутоа кога ќе ги ратификувате меѓународните конвенции, а имаме овде конвенција за екстрадиција, врз основа на таа конвенција се спроведува екстрадицијата“, објасни министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На видеото подолу по 32 минута.





