Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски индиректно ја негира амбасадорката на САД, Анџела Агелер, според која корупцијата останува еден од главните проблеми на Македонија.
Агелер, пак, во вчерашното интервју за телевизијата Канал 5 во врска со корупцијата во земјава изјави дека е разочарана што корупцијата продолжува да биде предизвик број еден со кој се соочува Македонија.





