„По се што досега потврдивме, службите ме известија дека ќе следи кривична пријава“, откри министерот Оливер Спасовски во врска со истрагата за грозоморното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски, за што првоосомничен е Љупчо Палевски-Палчо.



Во затвор може да заврши и оној што го возел Палчо од Белград до Турција

Возачот одговорен за транспортот на Палевски во Турција од Србија, преку Бугарија, е идентификуван како Стефан Димковски.

Димковски го превезувал основно осомничениот со автомобил ленд ровер.

Датумот на овој транспорт се совпаѓа со соопштението на Министерството за внатрешни работи за приведување на лица за киднапирањето на Вања.