Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски под превез на активности како прв полицаец де факто ја почна личната кампањата за кандидат на СДСМ за претседател.
Иако и од Скопје е информиран за состојбата на јужната граница тој најверојатно за да добие можност да се слика за време на вчерашниот ден и посетата на граничниот премин Меџитлија почна народски кажано ,,да им влегува” на патниците во автомобилите.
Спасовски на тие што ја минуваа границата им делеше вода но во соопштението на МВР не пишува дали водата со која сака да собере политички поени за кандидатурата за претседател ја платил тој лично од својот џеб или за неговата пропагандна акција шишињата се платени од граѓаните преку буџетот на МВР.
Посета на граничен премин Меџитлија: На јужната граница зголемен прометот на патници за 30%, само на Меџитлија за 60% пишува Спасовски на социјалните мрежи објавувајќи линк до целото соопштение на МВР.






